Џошуа му нуди 20 милиони фунти на Фјури за борба на „Вембли“

Ентони Џошуа го посакува Тајсон Фјури за борба на „Вембли“ на 13. април. Џошуа се наоѓа во проблеми затоа што до можност за борбата остануваат само три месеци а се уште нема противник!

Договорот со Деонтај Вајлдер не мина успеѓно, па менаџерот на Џошуа понуди сега 40% заработка за противникот – од 50 милиони фунти!

„Фјури можеш да се бориш на 13. април. Ги знаеш условите. Не си далеку од поделба пола-пола. Исто му нудевме и на Вајлдер, а на навивачите мора да им биде јасно дека нема вистина во пишувањата дека Џошуа бега од овие борби“ – истакна менаџерот на Џошуа, Херн.

Фјури, меѓутоа, сака поделба 50-50 а исто така и реванш со Вајлдер:

„Очекувам борба со Вајлдер во Америка или во Англија“.

Ако отпадне и Фјури за Џошуа тогаш како единствена опција останува Дилијан Вајт затоа што сите останати боксери се недоволно атрактивни да го наполнат Вембли.

Се вчитува...