Џошуа му покажа на Поветкин што е боксерска моќ

Британскиот боксер Ентони Џошуа ги одбрани титулите во ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ верзиите, победувајќи го со технички нокаут во седмата рунда рускиот предизвикувач Александар Поветкин. Мечот се одржа на стадионот „Вембли“ пред 70.000 гледачи. Силата и моќта во неговите подолги раце се покажаа како пресудни за Џошуа да стигне до 22.победа во кариерата, од кои само една не е остварена со нокаут. За Поветкин ова е втор пораз во кариерата, прв на ваков начин, со прекин на борбата.

Русинот добро го почна мечот и беше рамноправен во првите три рунди, но потоа Џошуа ја презеде иницијативата и со силни удари го разниша противникот. Го почувствува моментот во седмата рунда, кога со силен и прецизен директ го погоди Поветкин жестоко, а тој падна на подот. Иако стана на нозе и за момент ја продолжи борбата, сепак, многу брзо Џошуа уште еднаш го разниша, по што дојде и крајот на овој боксерски спектакл.

Се вчитува...