Џошуа му влезе во соблекувалната на Поветкин (видео)

Ентони Џошуа потврди дека е врвен боксер со нокаутот на Александр Поветкин, а Британецот по борбата покажа и дека е извонредна личност, откако се упати кон соблекувалната на големиот ривал.

Русинот и неговата „екипа“ беа изненадени од влегувањето на шампионот, кој му се заблагодарил на Поветкин за добрата борба, упатувајќи убави зборови за квалитетите на Русинот.

Ентони Џошуа е заштитно лице на бројни брендови и во последно време беше критикуван дека премногу бил окупиран со славата. Сепак, со овој потег тој ја потврди својата човечност, потврдувајќи дека не се чувствува воопшто променет во однос на почетоците на кариерата, почитувајќи ги сите околу себе.

 

 

Се вчитува...