Џошуа на тежина сака да го добие Поветкин во големата боксерка пресметка

Антони Џошуа е 11 килограми потежок од ривалот Александер Поветкин во пресрет на големата пресметка за трите боксерски титули во тешка категорија. Ова го покажа мерењето во пресрет на мечот кој вечерва ќе се одржи на „Вембли“ пред 80.000 гледачи.

Џошуа ги брани титулите во ВБА, ВБО и ИБФ верзиите.

Со оглед дека Британецот никако не може да биде побрз од искусниот Русин, реши да биде посилен. Предност ќе има и во должината на рацете, фактор кој веќе еднаш беше пресуден контра Поветкин, во борбата против Владимир Кличко.

Се вчитува...