Џошуа остана без појасите – Усик е новиот боксерски шампион

Украинецот Олександр Усик е новиот бокерски владетел откако синоќа со фантастична борба успеа да го совлада досегашниот шампион Ентони Џошуа, одземајќи му ги појасите што Британецот ги бранеше.

Борбата се одржа на стадионот на Тотенхем во Лондон и Џошуа важеше за апсолутен фаворит, но Усик се покажа како извонреден боксер, со тактичка борба не дозволувајќи му на моќниот Британец да ја демонстрира својата сила.

Како што одминуваа рундите, така предноста на украинскиот боксер се зголемуваше, па на крајот тој доби повеќе бодови од Џошуа од тројцата судии (117-112, 116-112, 115-113), за едногласен триумф и искачување на боксерскиот трон.

Поразот е огромен удар за Џошуа и поради плановите за мега-борба со Тајсон Фјури вредна 200 милиони фунти.

Се вчитува...