Џошуа против Паркер: „Да имам последни 20 фунти во џеб, би се обложил на себе!“

Етони Џошуа и Џозеф Паркер в сабота во Кардиф ќе ги вкрстат ракавиците за титулата светски боксерски шампион во тешка категорија. Овие двајца боксери носат четири ремени во рингот, а на крај само еден од нив ќе остане се уште непоразен владетел во оваа категорија.

Прогнозите пред мечот му даваат фаворитска улога на Џошуа, а тој истакнува дека е подготвен за борба и убеден е во својот триумф.

„Подготвен сум на 12 рунди, но не очекувам дека мечот ќе отиде до одлука на судиите. Да кажеме вака: Да имав последни 20 фунти во џеб, би се обложил дека ќе го нокаутирам Џозеф Паркер“ – порача Ентони Џошуа.

Од другата страна не остана должен ни неговиот противник. Боксерот од Нов Зеланд исто така е убеден дека тој ќе победи.

„Ќе го победам. Се уште не сум одлучил како ќе го „решам“, но тоа ќе го одредам во текот на борбата. Подготвен сум, имам голема самодоверба и убеден сум дека овие ремени ќе патуваат со мене дома“– вели Паркер.

Ентони Џошуа во дуелот влегува со скор од 20 победи без пораз, а Паркер има победи во 24 меча од кои 18 ги добил со нокаут.

Се вчитува...