Џовинаци за два дена два пати го искрши болидот на Заубер (ВИДЕО)

Антонио Џовинаци (23) влета во тимот на Заубер за првите две трки од новата сезона во Формула 1, како замена за повредениот Паскал Верлеин. Во своето официјално деби во Ф1, младиот италијански возач сакаше по секоја цена да ги импресионира своите шефови и да ги убеди дека треба во уште неколку трки да остане во нивниот болид. Но, после трката во Шангај за ГН на Кина, Џовинаци тешко дека ќе остане зад воланот на Заубер.

Италијанецот не само што не ја заврши трката, туку два пати за два дена го искрши болидот на Заубер.

На саботните квалификации влезе прешироко во последниот свиок и со болидот удри во заштитниот ѕид.

„Му се извинувам на тимот кој сега мора да го поправа мојот болид. Ќе дадам се од себе на трката да бидам подобар“ – рече Џовинаци после квалификациите.

Техничарите на Заубер работеа цела ноќ за да го оспособат болидот за денешната трка, но Италијанцеот не го одржа ветувањето. Речиси на истото место на патеката, загуби контрола над болидот и по влажната патека повторно заврши во заштитниот ѕид и тука предвреме ја заврши трката за ГН на Кина, а на техничарите им повторно им отвори работа да го составуваат уништениот болид.

На трката за ГН на Кина победи Луси Хамилтон, пред Себастијан Фетел на второто и на Макс Ферстапен на третото место.

Следната трка од Ф1 шампионатот ќе се вози на 16 април за ГН на Бахреин.

Се вчитува...