Џудистката Реџепи доби олимписка виза за Токио

Џудистката Арбреша Реџепи е осмиот македонски спортист што ќе учествува на Олимписките Игри во Токио, објави Македонскиот Олимписки Комитет.

Според информациите од МОК, Арбреша ќе го има своето олимписко деби на 25 Јули во Нипон Будокан салата (Nippon Budokan), со почеток во 11:00 часот по Јапонско време (4:00 наутро по македонско време).

За потсетување, олимписка норма за настап во Токио обезбедија борачот Магомедгаджи Нуров и таеквондистот Дејан Георгиевски.

Со вајлд-карти на ОИ 2020 ќе патуваат Јован Стојоски (атлетика), Пуликсенија Јованоска (карате), Борјан Бранковски (спортско стрелаштво), како и пливачите Филип Дерковски и Ева Петровска.

Се вчитува...