Џудистот Хамза Јашари деветти на МОИ во Буенос Аирес

Џудистот Хамза Јашари го освои деветтото место на Младинските Олимписки Игри во Буенос Аирес. Во првото коло тој се сретна со Шпанецот Хавиер Пења Инсаусти и загуби со ипон (вазари). Шпанецот, сепак, го “повлече“ Хамза во репасаж и во следната борба тој го совлада Георгиос Баларјишвили (Кипар) со вазари (1-0). Во втората борба, Хамза Јашари загуби минимално со вазари од Финецот, Турпал Џукаев.

Младински олимписки првак стана Вугар Талибов (Азербејџан), сребрениот медал го освои Абрек Нагучев (Русија), а бронзените медали ги добија Хавиер Пења Инсаусти (Шпанија) и Антонио Торнал (Доминиканска Република).

Се вчитува...