Џумхур сензационално го елиминира Вавринка во Дубаи

Ланскиот победник на АТП турнирот во Дубаи, Станислас Вавринка, доживеа сензационална елиминација во првото коло, откако загуби од Дамир Џумхур со 2-0 во сетови (7-6, 6-3). Треторангираниот тенисер на АТП – листата немаше свој ден и загуби од тенисерот кој е со 74 позиции послаб ранкинг.

Вавринка поведе со 3-0 во гемови во првиот сет и никој не предвидуваше негова елиминација. Но, потоа Џумхур го возврати брејкот, сетот отиде во тај – брејк, и тој излезе како победник.

Во вториот сет тотално се распадна играта на Вавринка, па Џумхур поведе со 5-1 во гемови и лесно го комплетираше триумфот. Босанскиот тенисер во следното коло ќе игра против Марсел Гранолјерс.

Се вчитува...