Ди Бјаџо ќе биде в.д.селектор на Италија

Луиџи Ди Бјаџо, селекторот на младата фудбалска репрезентација на Италија до 21 година, ќе биде в.д.селектор на сениорскиот национален тим во наредниот период, до именувањето на нов предводник на „аѕурите“. По заминувањето на Карло Тавекио од претседателската позиција на ФИГЦ, изборот на нов селектор се уште „виси’“, па иако има неколку кандидати, сепак, засега Ди Бјаџо е преодното решение.

Тој ќе добие шанса да ја предводи Италија на пријателските натпревари против Англија и против Аргентина следниот месец, а би можел да тргне и по стапките на Герет Саутгејт, и комплетно да ја добие довербата на раководството на италијанскиот фудбал. Како што е познато, Џампјеро Вентура си замина од селекторската функција, откако не успеа со селекцијата да избори пласман на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...