Ди Лоренцо останува верен на Наполи

Капитенот на Наполи, Џовани ди Лоренцо, денеска го продолжи договорот со тимот од Неапол до 2030 година.

„Му честитаме на капитенот“, стои во соопштението на Наполи.

 

 

 

 

Ди Лоренцо во Наполи дојде во 2019 година од Емполи и оттогаш одигра 307 натпревари на кои постигна 20 гола и имаше 42 асистенции.

Со Наполи двапати триумфираше во Серија А, а освои и по еден трофеј во Купот на Италија и во Суперкупот на Италија.

Минатата сезона, Ди Лоренцо одигра 35 меча за Наполи и постигна два гола, а имаше и три асистенции.

 

Се вчитува...