Ди Марија повторно во Шпанија, но овој пат на „Камп Ноу“?

Актуелниот шампион на Шпанија би можел да направи сензационален потег и во своите редови да го доведе поранешниот играч на Реал Мадрид, Анхел Ди Марија. Аргентинскиот репрезентативец по заминувањето од Мадрид се мачи со формата, која повеќе бележи падови отколку што го остликува неговиот вистински талент.

Една сезона во Манчестер јунајтед беше пеколна за него. Само три гола на 27 премиерлигашки настапи се премалку за еден фудбалер од светски калибар. По само една година во Англија, спасот го најде во ПСЖ, а неговата статистика докажува колку Ди Марија не се снајде и во овој клуб.

Каталонците импресионирани од настапот на поранешниот ’мадридиста’ во првиот осминафинален дуел, веднаш контактирале со претставниците на францускиот клуб. Низ годините за услугите на Ди Марија се трошени богатства. Преселбата од Јунајтед во Париз го чинеше францускиот клуб 63 милиони евра, а пред тоа Англичаните исплатија 75 милиони евра на Реал Мадрид. Но, со оглед на тоа дека има 29 години, Барселона можеби ќе заштеди некој цент доколку Ди Марија се согласи за преселба на „Камп Ноу“.

Иако нема да биде директен трансфер од Реал Мадрид во Барса, Ди Марија ќе биде во клубот на „омразени“ фудбалери кои ги носеле и двата дреса. Луиш Фиго, Луис Енрике, Самуел Ето, Михаел Лаудруп, Георге Хаџи и Роберт Просинечки се некои од фудбалерите кои играле за за двата ривали.

Покрај Барселона, заинтересирани за услугите на Ди Марија се и Интер и Јувентус, а има понуди и од Кина.

Се вчитува...