Диаби промаши пенал – Леверкузен само до реми со Бохум

Баер Леверкузен одигра без голови 0-0 на гостувањето кај Бохум во 29. коло од германската Бундеслига.

Гостите не беа далеку подобар противник иако ја имаа фаворитската улога во мечот, но може да жалат што сепак не дојдоа до полн плен, бидејќи во второто полувреме Муса Диаби не успеа да реализира пенал во 65. минута.

И покрај ремито Леверкузен останува на третата позиција на првенствената табела со солидна предност пред конкурентите во борбата за третата и четвртата позиција, места кои следната сезона водат во Лигата на шампионите.

 

 

 

Се вчитува...