Кошаркарот на Монако, Алфа Диало, е прогласен за најдобар дефанзивец на Евролигата. Бекот на „кнезовите“ го доби ова признание еден ден пред „финалето“ од плејофот против Барселона.
Дијало е познат по својата одлична одбрана, а минатата година беше избран за најдобар во таа категорија во француското првенство. Тој ја „наследи“ оваа награда од Ник Вајлер-Веб.
Рекордер за ова признание е Димитрис Дијамантидис, кој шест пати беше најдобар дефанзивец на елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
