Дибала бара 15, Јуве нуди 10 милиони

Јувентус и Пауло Дибала не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на договорот, а како проблем се јавува сумата која Аргентинецот ја бара за нов потпис со клубот од Торино. Менаџерот на напаѓачот,од клубот бара годишна плата од 15 милиони евра, додека италијанскиот клуб е спремен да плати „само“ 10 милиони.

Актуелниот потпис на Дибала со торинскиот клуб вреди до јуни 2022 година, па доколку не се постигне договор 27-годишниот фудбалер веќе следното лето може да замине од редовите на „црно-белите“.

Како можни дестинации се наведуваат Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ, тимови кои веќе изразила желба за потпис со Аргентинецот.

Се вчитува...