Дибала е џокерот од клупата на Јувентус

Јувентус освои нови три бода во Калчо-лигата, откако „старата дама“ попладнево како гостин славеше над Болоња со 0-1. Пауло Дибала беше човекот на одлука, откако Аргентинецот влезе во игра во второто полувреме и со својот прв допир во противничкиот шеснеаетник со прецизен удар од десетина метри го матираше домашниот голман. Претходно, Болоња беше тимот што прикажуваше подобра игра , гостинскиот голман Перин имаше две одлични интервенции во првиот дел, а на почетокот од второто полувреме Алекс Сандро спасуваше од самата гол-линија.

На крајот, сепак пресуди искуството на гостите од Торино, кои со една од ретките шанси што ги создадоа на „Ренато Дал Ара“ стигнаа до трите бода.

Џенова врза и пет натпревари без пораз откако тимот на Горан Пандев денеска ремизираше 0-0 на гостувањето против Киево. Македонскиот ас влезе во игра на 15 минути до крајот на местото на Санабрија, но немаше посериозна шанса да се запише меѓу стрелците.

Резултати Италија:

Сампдорија – Калјари 1-0, Сасуоло – СПАЛ 1-1, Болоња – Јувентус 0-1, Киево – Џенова 0-0.

Се вчитува...