Големото предавство на Дибала – од Јуве бараше 10 милиони, а во Интер ќе игра за плата колку Брозовиќ

Пауло Дибала е многу блиску до потпис со Интер. Ова го јавуваат врвните италијански медиуми, пред се „Газета“ која пишува дека Аргентинецот веќе одлучил да се пресели во Интер за плата од 6 милиони евра годишно без бонуси, и ќе потпише четиригодишен договор. Ова се смета за големо предавство, ако се знае дека Дибала инсистираше на плата од 10 милиони евра за да потпише нов договор со Јувентус, за сега да прифати шест милиони годишно од лутиот ривал, каде ќе има иста плата како и Марсело Брозовиќ и Лаутаро Мартинез.

За да може да си ја дозволат таа плата, „нероаѕурите“ ќе мора да направат простор во буџетот и во текот на летово да се ослободат од Артуро Видал, Алексис Санчез и Матијас Весино.

Дибала беше поврзуван со трансфер и во Манчестер Јунајтед, како и Реал Мадрид, но Интер беше поупорен, а наводно клучно било тоа што Интер му ветил дека ќе игра главна улога во тимот и дека ќе има голема минутажа.

Важна улога во преговорите имал и генералниот директор на Интер, Бепе Марота. Токму под водство на Марота, Дибала се пресели во Јувентус во 2015 година.

Се вчитува...