Дибала: Од мал сонував за ваков натпревар…

Пауло Дибала го одигра најдобриот натпревар досега во својата кариера, со два гола покорувајќи ја Барселона предводена од неговиот фудбалски идол Лео Меси. Аргентинецот по мечот не го криеше воодушевувањето од својот настап, но и од целокупниот натпревар на Јувентус и убедливата победа што широко ги отвора вратите кон полуфиналето.

Секако дека сум пресреќен, од мал сонував за ваков натпревар, да дадам гол или два против силен ривал во нокаут средба од Лигата на шампионите. Апсолутно ја заслуживме оваа победа, одигравме перфектен натпревар, добро знаевме како игра Барселона и се подготвивме. Знаевме дека ќе ни се укажат шанси за гол, искористивме три и мораме да бидеме горди на убедливата победа. Имаме три гола предност, но знаеме дека и на реваншот ќе мораме да одиграме идентично за да не му дозволиме на противникот да се врати“ – изјави Дибала.

Се вчитува...