Дибала плачеше како „мало дете“ на неговото простување од навивачите на Јувентус (ВИДЕО)

Пауло Дибала вчера го одигра последниот меч за Јувентус на „Алијанц“ стадионот во Торино. „Старата дама“ на свој терен ремизираше против Лацио (2:2) и со тоа Пауло се прости од своите навивачи.

Во центарот на вниманието беа Кјелини и Дибала. Кјелини ја завршува кариерата после 20 години минати во Јувентус, додека Дибала си заминува како најдобар стрелец на „Алијанц“ откако беше изграден.

Аргентинецот излезе од игра во 78. минута и од тогаш почна да плаче. Дибала се облеа во солзи по неговото напуштање, а потоа долго делеше автограми и се простуваше од фановите на Јувентус.

Најблиску до неговите услуги е Интер, а исто така заинтересирана е и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...