Пауло Дибала се уште чека на првите минути во новата сезона. Шанса не доби ниту синоќа против Кротоне, на мечот во кој Јувентус ремизираше (1-1).
Аргентинецот се загреваше низ поголемиот дел од второто полувреме, но Андреа Пирло се одлучи да не го воведува во игра. Па, очигледно нервозен, по крајот на натпреварот одејќи кон соблекувалната Дибала приреди мал скандал дофрлувајќи му на директорот Фабио Паратичи зошто и натаму не игра.
На прес-конференцијата по натпреварот Пирло ја „замолкна“ десетката на Јувентус образложувајќи зошто не го пуштил да игра.
„Во петокот тренираше само десет минути, се врати од репрезентативниот собир со гастроентеритис. Ова не беше идеален натпревар за него да игра, затоа што имавме и играч помалку“ – објасни Пирло.
Јувентус низ поголемиот дел од натпреварот со Кротоне изгледаше безидејно и очајно, поради што се поотворен е револтот меѓу навивачите на „Старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА