Дибала си оди од Јуве, но не сака ни да чуе за Интер

Пауло Дибала е подготвен за заминување од Јувентус, но преселба во редовите на Интер дефинитивно не е дел од плановите на аргентинскиот ас. „Нероаѕурите“ покажуваат сериозен интерес за Дибала, беше споменувана и размена на овој фудбалер за Мауро Икарди, но преговорите биле експресно блокирани откако асот на „старата дама“ јасно ставил до знаење дека не е заинтресиран за преселба во Милано.

Јувентус е подготвен да го продаде додека Дибала има цена на пазарот, а италијанскиот првак очекува да заработи 100 милиони евра од трансферот на Аргентинецот. Најреална опција во моментов е преселба во Манчестер Јунајтед, каде Дибала се наоѓа на листата со желби на Оле Гунар Солскјер, а „ѓаволите“ можат без проблем да ја платат сумата што ја бара Јуве. Воедно, клубовите се подготвени и за разговор во понудата да биде вклучен и Алексис Санчез, фудбалер што „старата дама“ сака да го доведе во теекот на летниот преоден рок.

Покрај Јунајтед во трката за аргентинскиот ас се наоѓаат уште и Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Се вчитува...