Дибала во трка со времето пред реваншот со Барса

Масимилијано Алегри скапо ја плати својата одлука против Пескара да настапи со ударното напаѓачко трио, откако Пауло Дибала заработи повреда поради која сега ќе мора да паузира извесно време надвор од терените. Аргентинскиот генијалец настрада на самиот почеток на второто полувреме и мораше да биде заменет, прегледите покажаа дисторзија на зглобот, но Масмилијано Алегри сепак е оптимист дека Дибала ќе успее да се рехабилитира навреме за реваншот со Барселона што е закажан за в среда.

Дибала беше удрен во ногата и има дисторзија на зглобот. Сепак, има четири дена до дуелот со Барселона, искрено верувам дека Пауло ќе може да настапи на оваа средба“ – изјави Алегри по дуелот со Пескара, што Јувентус рутински го доби со 0-2.

Дибала беше најдобар поединец на првиот дуел меѓу Јувентус и Барселона, постигнувајќи ги првите два гола за „старата дама“ при победата од 3-0.

Се вчитува...