Дибиров: Ова е ЛШ и мора да се игра максимално на секој меч

Ракометарите на Вардар в сабота ги очекува нов предизвик, дуелот на домашен терен со германскиот првак Рајн Некар-Левен на кој „црвено-црните“ ќе се обидат да ја продолжат серијата од три победи од стартот на сезонава во Лигата на шампионите.

„Добро го познаваме РНЛ, тоа е квалитетен противник, знаеме што не очекува. Нашиот пристап останува ист, во секој меч влегуваме како да ни е последен, со помош на публиката ќе се обидеме да ја продолжиме победничката серија. Ова е ЛШ и мора да се игра максимално, нивото е толку високо што ниту еден ривал не смее ниту да се потцени ниту пак да се прецени“ – истакна Тимур Дибиров на денешната прес-конференција.

Сличен е ставот и на тренерот Роберто Гарсија Парондо, кој е свесен за тежината на саботниот натпревар.

Ќе играме против квалитетен тим, Некар-Левен има одлични играчи и затоа мораме да бидеме многу фокусирани. Тоа е тим што менува многу во стилот на игра и формацијата во текот на мечот, играат моќно „6 на 6“, по потреба се силни и при „7 на 6“, така што мораме да бидеме на високо ниво во секој момент од натпреварот“ – изјави Парондо.

 

Се вчитува...