Дибиров: Триумфот во Монпелје не е изненадување…

Вардар во голем стил ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите, со триумф над европскиот првак Монпелје. Тимур Дибиров не ја крие гордоста од ваквиот резултат, но и потенцира дека на ваквиот исход не треба да се гледа како на големо изненадување.

„Можеби многумине се изненадени, но победата во Монпелје сигурноне е изненадеување за мене. Она што ме радува е што Вардар го задржа победничкиот менталитет и игра максимално без оглед на противникот, дури и кога му гостување на европскиот шампион. Знаеме што треба да направима, се бориме од почеток до крај, на сите јасно им ставивме до знаење дека нема да дојдат до лесни бодови против Вардар и ќе мора да дадат 110% од себе за да слават против нас“ – изјави Дибиров.

„Црвено-црните“ немаат многу време за одмор бидејќи утре ги очекува меч со Стеауа во СЕХА-лигата, а потоа и првиот домашен меч од ЛШ против Кристијанштад.

Нашата цел е да победиме на секој натпревар, без разлика против кого играме. Досега се немаме сретнато со ривал од Романија, едно е да го гледаме на снимки, а друго е да излеземе на терен и да играме. Малку сме истрошени по мечот во Франција, гостите се поодморени, но едно е сигурно, никако не смееме да ја потцениме Стеауа“ – порачува рускиот крилен ракометар.

 

Се вчитува...