Дибиров во идеалниот тим на 3. коло во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Рускиот интернационалец Тимур Дибиров е избран во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите по победата на Вардар против унгарски Веспрем.

Дибиров постигна пет голови на оваа средба, еден од најзаслужните за големиот триумф на „црвено-црните“ во Унгарија.

Во идеалниот тим на третото коло од ЛШ се уште и голманот – Родриго Коралес (ПСЖ), левиот бек – Николај Маркусен (Силкеборг), средниот бек – Јака Малуш (Целје Пивоварна Лашко), десниот бек – Алекс Душебаев (Киелце), десното крило – Марио Шоштариќ (ПИК Сегед) и кружниот напаѓач  Лука Карабатиќ (ПСЖ)

Изборот на идеалниот тим во 3. коло, според ЕХФ, и најдобрите потези на поединците може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...