Диего Коста кон Аргентинците: Ете гледате на што личите без Меси!

Малку кој во фудбалскиот свет се уште може да поверува што им се случи на Аргентинците во Мадирд. Со поразот од 6-1 доживеаја невидено понижување, па неизбежно во целата ситуација се огласи и напаѓачот на „црвената фурија“, Диего Коста.

Коста ги нападна Аргентинците поради критиките кон Лионел Меси во минатото. Ѕвездата на Барселона синоќа не настапи поради повреда, а Коста имаше што да каже за аргентинските медиуми.

„Во Аргентина сакаат да го критикуваат Меси. Тоа понекогаш ги минува сите граници. Денеска видоа што се без него. Аргентина треба да го чува и да му биде благодарна за се, а не да го критикува. Ете на што личите без него“ – изјави Коста по синоќешниот натпревар.

На само два месеци пред настапот на Светското првенство, Аргентина се наоѓа пред сериозни проблеми а селекторот полека станува државен непријател број еден. Ќе има многу за поправка до заминувањето во Русија.

Се вчитува...