Диего Лопез стана соиграч на Столе Димитриевски

Искусниот чувар на мрежата Диего Лопез потпиша договор со шпанскиот Рајо Валјекано. Тоа значи дека Столе Димитриевски добива конкуренција на голот на тимот од главниот град на Шпанија.

Сепак, оваа информација може да значи и тоа дека нашиот најдобар голман ова лето би можел да ја промени средината. Во јануарскиот преоден рок Димитриевски беше пред потпис со великанот Барселона, но на крајот тој трансфер пропадна.

 

Се вчитува...