Диего Симеоне во „транс“… Шоу, емоции, навивачка еуфорија (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид обезбеди за себе петто европско финале во последните девет години. Уште еднаш „јорганџиите“ потврдија дека се еден од најдобрите клубови во Европа, елиминирајќи го Арсенал во полуфиналето од Лигата на Европа.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне од ложата мораше да го следи мечот поради исклучувањето на претходната средба во Лондон… Па, за камерите секогаш интересен повторно приреди вистинско шоу… Бура од емоции, „транс“, нескриена радост по последниот судиски свиреж и пласманот во финалето!

Се вчитува...