„Дијамантот“ е на цена: Борусија тргна по Елиф Елмас

Елиф Елмас повторно е актуелен на фудбалската берза откако бундеслигашот Борусија Менхенгладбах покажа интерес за „македонскиот дијамант“ од редовите на Наполи.

Станува збор за клуб кој вообичаено им дава голема шанса на младите и талентирани играчи ширум Европа, кои потоа ги продава за повисока отштета. Швајцарецот Закарија е играчот за врска кој летово би требало да си замине од Менхенгладбах, а челниците на Борусија гледаат во Елмас како на идеален наследник за овој суперталентиран фудбалер.

Неизвесно е дали понудата на бундеслигашот ќе биде за позајмица или конкретно за целосно откупување на договорот на Елмас со Наполи. Досега ставот на италијанскиот клуб беше цврст – Елмас не е за продажба, но останува да се види одлуката на новиот тренер Спалети, кој во зависност од неговите планови за улогата на Македонецот во тимот би можел да даде зелено светло за заминување, во најмалата рака на позајмица.

Бенфика исто така покажува интерес да го донесе Елиф во своите редови, а во последните месеци понуди за Елмас до Наполи испратија и Лидс Јунајтед и Севилја.

Се вчитува...