Дика: Елмас е најопасниот фудбалер на Македонија, а не Пандев!

Првиот асистент во стручниот штаб на Романија, Никола Дика кој се очекува да ја води селекцијата на утрешниот натпревар против Македонија, поради се уште позитивниот тест на Ковид-19 на селекторот Радои, вели дека најопасниот македонски фудбалер е Елиф Елмас, а не Горан Пандев.

„Нашите амбиции се пласман на Светското првенство 2022. Согласно тоа амбициите се и да се победи Македонија. Пандев е многу важен играч на Македонија, но најопасниот фудбалер во нивната селекција е Елиф Елмас. Игра во Наполи, и во последните 30 метри знае да направи разлика на теренот. Ќе треба него да го сопреме размислувајќи за победа на утрешниот дуел“ – изјави Дика на денешната средба со романските медиуми.

Од стручниот штаб на романската селекција дополнуваат дека Радои, и покрај позитивниот тест на коронавирус, секако учествува во подготовката на мечот за утрешниот дуел.

„Да, со Радои постојано ќе бидеме на линија и доколку не биде во можност да го води натпреварот и да биде на стадион. На мартовските три натпревари одиме на победа на секој дуел, но гледајќи ги конкурентите седум бода би било одлично. Сакаме да се надигруваме, имаме добра атмосфера, ќе играме офанзивен фудбал на победа“ – дополнува Дика.

Се вчитува...