Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар ќе го има ветеранот Диме Тасовски во тимот и следната сезона. Тој се договори со раководството на гостиварци да го носи дресот на овој клуб и во новата сезона. Покрај него, остануваат и браќата Димитриевски. Ренато, Роберт и Милан Димитриевски ќе бидат дел од составот на Гостивар и во претстојниот шампионат.
Гостивар и покрај тоа шт го задржа искусниот Тасовски, најавува подмладување на тимот. Во сениорскиот состав најверојатно ќе добијат шанса 17-годишниот Таулант Ибраими и една година помладиот Марко Пецаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА