Димевски: Борко не е казнат поради тоа што е спортист, туку поради тоа што сака да креира политики

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски и голманот Борко Ристовски вечерва се гости во „Топ тема“ на Телма телевзија во која дебатираат околу одлуката на Македонскиот олимписки комитет да биде суспендиран долгогодишниот ракометен голман.

Даниел Димевски вели дека Борко Ристовски не е суспендиран поради неговите ракометни успеси, туку поради тоа што сака да креира политика во спортот.

„Темата воопшто не беше пријатна за сите нас. Ниту за мене лично, ниту за Олимпискиот комитет, меѓутоа беше една тема која што мораше да биде отворена еден ден, а таа е недолично изнесување на клевети и лаги, поведение кое што не е дозволено, поведение во кое што има многу закани и поведение кое што не е искажано од Борко Ристовски, голман на Вардар, туку е искажано од Борко Ристовски, претседател на Комисија за спорт на една политичка партија и, како што љуби да се претставува, иден министер за спорт и главен авторитет кој што би сакал да претендира некогаш да биде“, рече Димевски.

Се вчитува...