Димевски: Привилегија и уживање беше да се биде Македонец во Токио

Македонскиот олимписки комитет на прес-конференција каде покрај претседателот Даниел Димевски и спортистите учесници дадоа целокупно мислење за Летните олимписки игри во Токио. Претседателот на МОК, Даниел Димевски вели дека било привилегија да си Македонец, во Токио.

„Привилегија беше да се биде во Токио и вистинско уживање бидејќи имавме еден фантастичен склоп на спортисти. Поминавме без никаков инцидент, напротив со одлично дружење на една хомогена екипа. Мислам дека направивме капитал на луѓе кој години натаму само ќе се надоградува. Мислам дека бевме на ниво и на спортски и на човечки и на организациско ниво. Имавме спортисти кои Македонија ја претставија на најдобро светло. Бевме бројни бевме присутни и секаде бевме одлично примени. На сите им се заблагодарувам бидејќи постигнаа одлични резултати некои и национални рекорди, а се беше заокружено со нашиот Дејан кој освои сребрен медал што е најголем успех во независна Македонија. Оптимизмот кој зрачеше на Дејан на секој негов настап и на прес пред заминување не беше кажан туку така. Сето тоа беше плод на една долгогодишна работа која беше максимално реализирана со медал на ЛОИ. Кога тој најавуваше не беше празна флоскула туку очекување кое се исполни. Верував во сите овие особено во Дејан и уште првиот ден кога го запознав него знаев дека ќе освои медал“, вели Димевски. 

Тој дополнува дека на Македонија и требаше еден ваков успех и еден фантастичен пречек.

„Во продолжение ќе имаме слатки маки и привилегија да помагаме на што повеќе спортисти. Наша цел е секои наредни игри да бидеме помногубројни со повеќе спортисти и со повеќе одличја. Кога се нафатив на ова реков дека сум тука за резултати, а не за кубертеновото само да учествуваме. Сите спортисти заслужуваат максимални почести бидејќи направија одлични резултати, но и акумулираа искуство кое и во следните години ќе го споделат со нивните колеги и со спортистите кои ќе дојдат по нив. Мислам дека имавме фантастичен настан позади нас и многу ми е мило што го израдувавме народот со фантастичен пречек. Поминаа доста години кога учествував во пречекот по Литванија и видовме што значи тоа за народот. Мило ми е што Дејан направи нов урнек. Дека секој млад спортист мора да се види горе на подиумот и дека врвниот резултат е тоа што треба да се постигне. Мислам дека Дејан тоа на дело го покажа и тој пример ќе го следат и други и за нашиот спорт ќе нема зима.“, заврши Димевски.  

 

 

Се вчитува...