Димитар Ѓоргиев обезбеди најмалку бронза на СП, во битка и за финале

Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓоргиев обезбеди најмалку бронза на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Лидо Ди Јесоло во Италија.

Ѓоргиев во чевртфиналето го совлада Милош Даковиќ од Србија со 3-0, па во полуфиналето ќе се бори со бугарскиот репрезентативец Никола Николов за пласман во финалето на шампионатот.

Македонија има шанса за уште еден медал, со оглед на тоа што во четвртфиналето место обезбеди и Бобан Илиоски кој ќе се најде на рингот против Србинот Александар Менковиќ.

Викторија Варадинова, пак, во четвртфиналето загуби 0-3 од Валентина Кериќ, исто така од Србија.

На Светското првенство учествуваат вкупно 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 држави од светот.

Се вчитува...