Димитар Ѓоргиев во финалето на СП во Италија!

Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓоргиев ќе се бори за златниот медал на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Лидо Ди Јесоло во Италија.

Ѓоргиев во полуфиналето го совлада Никола Николов од Бугарија со 3-0, па во големото финале ќе се бори со Никола Дробњак од Босна и Херцеговина. За македонскиот кикбоксер ова е шанса да се закити со четврто злато на светското првенство.

Шанса за борба за медал имаше и Бобан Илиоски кој за жал не се пласира во полуфиналето откако загуби со 3-0 од Александар Менковиќ од Србија.

На Светското првенство учествуваат вкупно 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 држави од светот.

Се вчитува...