Димитиевски со одговор на дилемата – Панчев или Пандев?

Во пресрет на историскиот настап на Европското првенство македонските фудаблери се топ тема во државите каде настапуваат. Еден од нив е и голаманот Столе Димитриевски кој ги брани боите на Рајо Валекано.

Кумановецот во интервју за Марка говореше на неколку интересни теми, меѓу кои и дилемата во мак-фудабалот, за тоа кој е најдобриот македонски фудбалер на сите времиња.

„Панчев беше Златна топка и ја има освоено Лигата на Шампионите со Црвена Звезда во 1991 година, но за мене Пандев е најголемиот. Најталентираниот играч со кој некогаш сум заиграл“, одговори Димитриевски.

Голманот на Македонија вели дека она што ја краси нашата репрезентација е единството помеѓу играчите кои на теренот се читаат перфектно.

„Секогаш знаеме што мисли соиграчот и што ќе направи. За мене е доволно да го видам лицето на соиграчот и да знам дали да започнам контра или да ја смирам играта. Конекцијата е премногу битна. Луѓето во Македонија ќе видат „посреден“ тим со брзина за започнување на контра и играчите кои можат да го направат фудбалот забавен“, додава голманот.

Притоа Димитриевски кажа и една интересна приказна поврзана со албумот на Панини…

„Ќе ви кажам една приказна. Татко ми ми купи Панини албум за Европско првенство. Еден ден ми падна во реката Вардар. Не престанав да плачам. Ми купи нов и имам слика од тој ден. Сега, татко ми и сестра ми собираат сликички со мојот лик! Тогаш беше невозможно да се сонува за такво нешто, сега го живеам тоа. Се случува нешто неверојатно“, додава Македонецот.

Се вчитува...