Димитриевски и Муслиу во идеалниот тим на баражите за СП

Огромниот успех на македонските репрезентативци во Палермо придонесе двајца од нив да се најдат и во идеалниот тим за полуфиналињата од баражите за СП 2022.

Станува збор за Столе Димитриевски, кој беше избран за најдобар голман, како и за Висар Муслиу, кој со 8,04 е најдобро оценет дефанзивец на синоќешните натпревари. Друштво на Муслиу во одбранбената линија му прават Велшаните Родон и Неко Вилијамс, како и шведскиот бек Даниелсон.

Квартетот во средниот ред го сочинуваат Соучек од Чешка, Отавио од Португалија, Марсел Сабицер од Австрија и Марко Верати од Италија, додека во нападот од овој дрим-тим се најдоа Герет Бејл и Александар Исак.

Се вчитува...