Димитриевски е нов ракометар на Валјадолид

Македонскиот ракометен интернационалец, Дарко Димитриевски потпиша договор со шпанскиот Валјадолид. Димитриевски се враќа во шпанското првенство, откако претходната сезона ја помина во Германија во Емстеден, клуб кој испадна во третата бундеслига.

Димитриевски кариерата ја почна во Борец, а беше дел и од МРК Вардар, Куманово, Металург, Катар Спорт, Чурго, Хапоел Ашдод, Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер.

Димитриевски во Ваљадолид му се приклучува на Димитриоски, а тренер во новата сезона ќе биде поранешниот предводник на Вардар, Давид Писонеро.

Се вчитува...