Димитриевски и Рајо со голем бод од „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

Столе Димитриевски со неговиот Рајо Валјекано освои фантастичен бод на гостувањето на „Ванда Метрополитано“ кај Атлетико. Иако прими еден гол, Македонецот имаше три одбрани, особено се истакна во 83. минута кога му го одбрани шутот на Куња.

Димитриевски не можеше ништо да стори во 20. минута, кога  Мората успеа да го донесе Атлетико во предност. Голгетерот на домашните успеа по додавање на Гризман од десната страна, да ја спроведе топката во мрежата.

Македонскиот голман со таа одбрана во 83. минута го држеше Рајо во „живот“, а во 90. минута досуден пенал за Рајо по игра со рака на Хименез. Фалкао успеа да го совлада Грбиќ, и да донесе израмнување за Рaјо, да го „замолкне“ Ванда Метрополитано. Фалкао не се радуваше затоа што погоди против својот поранешен тим.

Ова беше трето „реми“ за Рајо во сезоната, кој има 12 поени во 10 меча.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...