Во пресрет на новата сезона струмичка Беласица промовираше уште двајца квалитетни играчи, како свои нови сериозни засилувања.
Димитриј Димитриевски е играч кој покрива повеќе позиции, како крилните позиции и офанзивен играч за врска ќе претставува уште едно освежување во ростерот на Беласица. Доаѓа од екипата на ФК Охрид Лихнидос.
Лука Варошановски е, пак, играч од средината на теренот кој може да игра и како централен дефанзивец кој исто така е репрезентативец на Македонија до 19 години. Минатава сезона настапуваше за гевгелиски Кожуф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
