Димитриевски: Играме одлично во одбраната на последните два натпревари, се надевам на добар резултат против Романија

Македонија со мечот на домашен терен против Романија ќе го затвори минициклусот од три натпревари во септември од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар. Голманот на репрезентацијата Столе Димитриевски пред мечот со Романија вели дека одбраната игра одлично под палка на Милевски и шансите на противниците се сведени на минимум.

„Како и на секој натпревар така и на овој моја цел е да не бидам совладан. Очигледно е дека на последните два натпревари шансите на противниците се минимизирани. Тоа значи дека играме одлично во одбрана и иако имаме малку време многу лесно сфаќаме „шефот“ што бара од нас. Се надевам дека ќе дадеме максимум и јас и сите мои колеги да не загубиме повторно како во Букурешт“, изјави Димитриевски. 

Натпреварот меѓу Македонија и Романија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...