ЕКИПА во Сараево, БиХ
Горан Бошев
Во отсуство на Енис Барди, кој поради повреда го откажа настапот за Македонија на пријателските мечеви против БиХ и против Турција, капитенската лента оди на раката на голманот Столе Димитриевски.
Чуварот на мрежата на нашиот национален тим за утре очекува сите играчи да го дадат максимумот за да се дојде до триумф против селекцијата на БиХ, што ќе значи и подобра атмосфера пред следниот „тест“ против Турција и потоа во Лигата на Нации во септември.
„Играме против топ противник, кој што можеме да одиграме добар натпревар и во дефанзива и во офанзива и да одиграме. Мислам дека за мене влегувам во пикот на мојата форма, се чувствувам одлично, и се надевам дека така ќе биде и утре. Заедно со играчите да ја сочувам мрежата, и да извлечеме добар резултат. Подготвени сме. Направивме добра анализа и сметам дека можеме да одиграме добар натпревар. Ние се подготвуваме за Лигата на Нации, и Босна е одличен противник за нас, и сличен со тие селекции против кои ќе играме“, изјави Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
