Димитриевски исклучен од бизарна причина… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не го дочека крајот на вчерашниот натпревар на Рајо Ваљекано против Леганес во втората шпанска лига.

Димитриевски поради реакција кон судијата, во само неколку секунди, во 63. минута доби два жолти картони и апсурдно исклучување. Според главниот судија, наводно македонскиот голман испратил прикриени навредливи зборови кон судијата поради што го доби вториот жолт картон, веднаш откако претходно доби жолт картон поради реакција за една некоректна одлука на делителите на правдата.

 

Се вчитува...