Димитриевски ја СПУШТИ РОЛЕТНАТА, Валенсија до бод на Мајорка (ВИДЕО)

Столе Димитриевски ќе биде човекот кој е најзаслужен за опстанокот на Валенсија во Ла Лига. Македонскиот голман имаше уште една брилијантна партија на голот на „лилјаците“, откако запиша дури седум интервенции во дуелот со Мајорка во 33. коло во шпанското првенство.

Димитриевски беше најзаслужен за бодот на Валенсија 1-1 на гостувањето кај Мајорка. Македонецот ја држеше својата екипа во игра за добар резултат, и на крајот успеа да дојде само до бод, иако лесно можеше да се случи и да ги „грабне“ и трите.

Саму Коста во 49. минута успеа да донесе предност за Мајорка и да го совлада Димитриевски. Во 67. минута Садик во 67. минута успеа да израмни. Димитриевски во финишот успеа да запише две интервенции, со кои го задржа бодот, а потоа Валенсија во судиското надополнување имаше и шанса да дојде до трите бода, но не реализираше.

Се вчитува...