Димитриевски најдобар фудбалер на Гимнастик за 2017/2018, на ред е освојување на Ла Лига

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ја доби наградата „Тради Крак“ која традиционално ја добива најдобриот играч во сезоната во тимот на Гимнастик Тарагона. По извонредната сезона зад себе, едногласна беше одлуката ова признание за 2017/2018 да оди во рацете на македонскиот репрезентативец.

Токму настапите за Гимнастик изминатава година донесоа и сериозен интерес за услугите на Димитриевски од неколку клубови од Првата лига на Шпанија. Најзагреани се Бетис и Еспањол, но не е тајна и интересот на неколку португалски тимови.

„Мојата цел е секако да играм во најсилната лига во светот, шпанската Примера. Секако, целта на секој од нас е постојано да чекори напред во својата кариера. Тоа е и мојата амбиција, па сигурно сакам да играм во тим од Ла Лига. Но, не сакам да избрзувам. Се уште сум под договор со Гимнастик, па во зависност од сериозноста на понудата би следел евентуален трансфер“ – истакна Димитриевски по добивањето на признанието најдобар фудбалер на Гимнастик Тарагона за сезоната 2017/2018.

Се вчитува...