Димитриевски нема да добие нов тренер: Валенсија му верува на Корберан

Раководството на Валенсија не планира да менува тренер, и покрај слабата форма која ја има тимот, кој е без победа долго време. Според „Естадио Депортиво“, ќе нема предвремен раскин на договорот со тренерот Карлос Корберан.

Сопствениците и раководството на тимот целосно му верува на Корберан, и покрај тоа што моменталните резултати не одат во прилог на екипата. Валенсија има две победи, три нерешени средби и шест порази, од кои четири се во последните пет кола. Со само девет бода, тимот е на 18. место по 11 кола.

Ова значи дека работите нема да се сменат ниту за македонскиот голман Столе Димитриевски, кој не добива шанса од Корберан, односно бранеше само во Купот на Шпанија.

Се вчитува...