Димитриевски немоќен сам: „Не смеевме да дозволиме толкав волумен на напади кон нашиот гол“

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше единствената светла точка во националниот табори во поразот (0-3) од Швајцарија на стартот од Лигата на нациите.

Димитриевски успеа да одбрани најмалку уште три одлични можности на гостите, спречувајќи и поубедлив пораз…

„Па добро, дефинитивно дека имаа доста голем волумен на напади кон нашиот гол. Треба малку да да бидеме поконцентрирани, пофокусирани во таа дефанзива, да се браниме малку подобро од тоа што што се браниме, зашто тоа не карактеризираше досега. И мислам дека сепак треба да се да се подобриме во таа одбрана за да може да дојдеме до можност и за подобaр напад“ – изјави Димитриевски по завршувањето на дуелот со Швајцарците.

Се вчитува...