Димитриевски: Победа во значаен момент

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Победа без примен гол. Многу убаво тоа звучи, кога е Македонија во прашање. Му се допаѓа и на нашиот голман Столе Димитриевски, кој вечерва одлично ја заврши својата работа против напаѓачите на Израел. Имаше неколку сигурни интервенции, спасувајќи го својот гол.

„Ова е победа која доаѓа во навистина значаен момент за нас. По успесите во македонскиот фудбал ова лето, потребно беше и А репрезентацијата да покаже дека може да се верува во неа. Но, не треба да потпаѓаме на некаква еуфорија. Веднаш ни доаѓаат и други натпревари на кои мора да покажеме дека во континуитет можеме да победуваме… Можност да го покажеме тоа е веќе средбата со Албанија“, изјави Столе Димитриевски, чуварот на мрежата на нашиот национален тим.

 

Се вчитува...