Димитриевски: Разговаравме меѓу нас за се, ќе одговориме максимално против Словенија

ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА, 

Никола Станикевски 

ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА, 

Никола Станикевски 

Фудбалската репрезентација на Македонија утре против Словенија ќе го одигра вториот натпревар Б-дивизијата во новото издание во Лигата на нации.

По воведниот пораз од Швајцарија, мислите сега се насочени кон Словенците кои во првото коло ремизираа против Шкотска.

Голманот, Столе Димитриевски пред утрешниот меч ги кажа своите очекувања…

„Разговаравме меѓу нас во собата за состаноци и тоа останува меѓу нас. Знаеме дека не одигравме добар меч со Швајцарија. Дека цврстината не беше на високо ниво и тоа е веќе минато. Сега натпреварите се за два дена и мора да се подготвиме и да се поддржиме. Мислам дека ќе одговориме максимално на задачата за овој дрес и Македонија. Десет години играм против Облак во Ла лига и можам да кажам дека е еден од најдобрите. Се надевам дека ќе ја завршам мојата задача и дека ќе имам чиста мрежа. Се надевам дека ќе одиграме добро и ќе ја дигнеме нашата самодоверба со неколку квалитетни меча“, изјави Димитриевски. 

Се вчитува...